Во Сибир пронајден уникатен дијамант стар 800 милиони години (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Замислете дијамант во кој има уште еден дијамант што се движи слободно.

Loading...

Токму таков дијамант е пронајден во Сибир.

Ова е првиот скапоцен камен од овој тип во историјата на ископување дијаманти. Нема ништо слично.

Уникатното откритие е пронајдено во полето Накинско во Саја, а го истражувала компанијата „Алроса“, светски лидер во производство на дијаманти.

Староста на дијамантот се проценува на околу 800 милиони години. Тежок е 0,122 грама и има димензии 4,8 × 4,9 × 2,8 мм.

Руските научници веруваат дека внатрешниот дијамант бил формиран прв, а дека надворешниот се појавил подоцна.

Најинтересно било да се разбере како се формирал воздушен меур помеѓу двата дијаманти.

Постојат две главни хипотези.

Loading...

Според првата, дијамантите првично биле заробени во рудата, а потоа се раствориле на површината.

Според втората хипотеза, поради ултра-брзиот раст на дијамантот, се формирал слој од порозен материјал, кој потоа бил растворен со поагресивни процеси.

„Ова е навистина уникатна креација“, рече Олег Ковалчук, заменик директор за истражување на иновации во Алроса.

 

Leave a Reply