Во северните делови денеска врнежи од снег

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде претежно облачно, претпладне и особено во посеверните делови со локални врнежи претежно од снег и на пониските места, а кон југоисток врнежите ќе се од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата преку денот ќе биде во интервал од 2 до 7 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од доќд. Максималната дневна температура ќе изнесува 4 степени целзиусови.

Утре поради благо затоплување врнежите во пониските места ќе бидат од дожд, а најмалку ќе се појавуваат во централните делови.

Нов бран од врнежи ќе започне од утре преку ноќта од запад и ќе се претежно од дожд на пониските места, а во недела врнежите ќе преминуваат кон исток и ќе се од снег и на пониските места. На места врнежите ќе бидат пообилни, особено на запад и север. Во следниве денови понекаде во котлините ќе има услови за појава на магла.

Leave a Reply