Во Сахара пронајдени траги на непозната цивилизација

Сподели со своите пријатели

Археолозите пронашле траги на непозната цивилизација во Западна Сахара, пишува „Лајв саенс“.

Loading...

Научници од Универзитетот Источна АНглија го свртеа вниманието на необични сателитски снимки и фотографии од воздухот. По ископувањето било откриено дека на снимките се остатоци од градби.

Како што наведуваат истражувачите, објектите направени од камења имале различни размери и форми, од кругови и правоаголници до полумесечини. Некои од нив образуваат комплекс од градби во должина од 630 метри.

Намената и староста на објектот не се познати, но научниците претпоставуваат дека некои од нив се стари и повеќе од 1.500 години.

Leave a Reply