Во САД се наоѓа единствената фабрика за аудио касети која сè уште работи (видео)

Сподели со своите пријатели

Постарите генерации се сеќаваат добро на нив. Прашање е, кога последен пат виделе или користеле аудио касета? Веројатно пред повеќе од 10 години.

Loading...

Но, и покрај тоа што касетите беа потиснати од некогашните CD дискови и денешните USB flash, касетите се уште се наоѓаат на пазарот и се продаваат, благодарение на компанијата „National Audio Company” (NAC) – последната фабрика за касети.

Фабриката која се наоѓа во Спрингфилд, во сојузната држава Мисури денеска уште работи со полна пареа.

National Audio Company” (NAC) е основана во 1969 година и никогаш не престанала со работа и покрај развојот на технологијата и развојот на секакви аудио технолошки уреди. Фабриката за касети од Мисури, само минатата година имала произведено 10 милиони касети.

Производителот вели дека 2015 за него ќе биде најдобрата година откако постои компанијата од 1969 година.

Нашиот модел на работа можете да го опишете како тврдоглавост и глупост. Премногу сме тврдоглави за да се откажеме и отсекогаш знаевме дека касетите еден ден ќе се вратат во мода – вели претседателот на компанијата, Стиви Степ.

Степ додава дека зголемувањето на работата во неговата компанија се должни на денешниот „ретро стил“.

  • Има носталгија кај луѓето за држење касети во рацете, додава Стиви.

National Audio Company” (NAC) денес соработува со голем број издавачи, како што се „Sony“ и „Universal“, но има и помали договори со независни бендови, кои споредзборовите на претседателот на компанијата, се уште сакаат „топли аналогни звуци“.

На крај можеме да ви препорачаме да погледнете во видеото (посебно помладите) како изгледа производство на она што некогаш беше многу популарно.

Loading...