Во САД навистина постоела банкнота од 100.000 долари, а ова е приказната зад неа

Сподели со своите пријатели

Секој знае дека доларот е официјална валута на Соединетите Американски Држави, а исто така и една од омилените банкноти за штедење и чување за „црните денови“.

Loading...

Сепак, малкумина знаат дека најголемата банкнота некогаш, била отпечатена во вредност од 100.000 долари!

Американскиот долар е официјална валута на Соединетите Американски Држави и исто така е многу распространет како резервна валута во некои други земји во светот. Се проценува дека се користат над 380 милијарди долари американска валута, од кои две третини се надвор од САД.

 

 

Сега, замислете некаде „во касичката“  да имате банкнота од 100.000 долари!

Ова не е измама!

Loading...

Банкнотите од 100.000 американски долари биле отпечатени во Америка од 1934 до 1935 година и биле наменети за тргување во рамките на системот на Федералните резерви. Тие всушност никогаш не влегле во оптек меѓу населението, а ликот на Вудро Вилсон бил на нив.

Тоа е најголемиот апоен печатен досега во Америка. Само 42 илјади од овие банкноти биле направени.

Иако престанале да се користат во текот на 1960-тите години по воведувањето на модерната банкарска технологија и сѐ уште се многу ретки денес, во теорија тие сѐ уште се сметаат за законско средство за плаќање.

 

 

Меѓутоа, во Америка е нелегално приватните колекционери да ги поседуваат, а федералната администрација уништила голем број од овие банкноти во изминатите децении.

Се верува дека сите преживеани банкноти од 100 илјади долари се денес во музејот Смитсонијан и филијали на системот на Федералните резерви.

Loading...