Во САД денес се извлекува најголемиот џек пот во историјата

Сподели со своите пријатели

Очекуваниот награден фонт на популарната американска лотарија „Мега милиони“ надминал граница од 1,6 милијарди долари, со што стана најголемиот џек пот во историјата на Америка.

До вечерашното извлекување се очекува добитната сума дополнително да се зголеми.

Со оглед дека во петок не е извлечена главната награда од милијарда долари, сумата која среќниот добитник би можел да ја добие денеска значително пораснала, соопштуваат надлежните.

14 пати освои на лотарија и засекогаш ги променил правилата (ВИДЕО)

Loading...

Наградата драматично пораснала, затоа што никој не го извлекол џек потот уште од 24 јули, кога група граѓани освоил 543 милиони долари.

Тикетот чини два долари, а шансата некој од играчите да ги погоди сите шест броеви е многу мала – еден наспроти 302,5 милиони, пренесува АП.

Leave a Reply