Во сабота КК Куманово ги пречекува кошаркарите на Кожув

Сподели со своите пријатели

Во рамките на 26-то коло од Првата машка кошаркарска лига, КК Куманово ќе биде домаќин на кошаркарите на Кожув, кои се само една позиција разлика на табелата.

Овој натпревар ќе биде од големо значење за кумановци со оглед на тоа што може да ги одведе до зацврстена трета позиција, која моментално ја делат со Фени Индустри со по 17 победени и осум загубени натпревари. Кожув се наоѓа на петатта позиција во табелата со шест поени помалку, односно 11 победени и 14 загубени меча.

Натпреварот ќе се одигра со почеток од 19 часот на паркетот во Спортската сала Куманово.