Во сабота Бест на гости кај КК Куманово

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на КК Бест од Гевгелија во сабота ќе гостуваат кај Кошаркарскиот клуб Куманово, кога во куманвоската спортска сала ќе се одигра мечот од 21-то коло од домашната кошаркарска лига.

Шансите за победа на кумановци се огромни со оглед на искуствата од претходно одиграните натпревари, а победата ќе значи многу за изабраниците на Марјан Србиновски откако ги загубија последните два меча, односно на гостувањата кај Кожув и МЗТ Скопје Аеродром.

На веб страната на Македонската кошаркарска федерација освен датумот засега нема закажано временски период кога ќе се одигра натпреварот.

Инаку моментално на табелата КК Куманово е на третото место со 33 поени, веднаш за 35-те на Карпош Соколи и 29-те на МЗТ Скопје.