Во сабота авионско прскање против комарци во Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Во раните утрински часови во сабота ќе се изврши првото авионско прскање против комарци за оваа година на територијата на Општина Куманово, информираат надлежните служби.

Се известуваат пчеларите, да превземат соодветни мерки за заштита на пчелите. Во случај да не се изврши авионско прскање поради неповолните временски услови, истото се одложува за наредниот ден.