Во пресрет на Илинден – прво капење во отворениот базен

Сподели со своите пријатели

И покрај најавите за отварање на базените овој месец, денес на седницата на Советот на Општина Куманово, градоначалникот соопшти дека отворањето ќе биде одложено на краток временски период, со што базените ќе ги примат првите капачи во пресрет на празникот Илинден.

Со базените според најавите ќе управува оштината преку Секторот за спорт, од причина што општината нема законска можност да управува со овој вид на објекти.

Базените, т.е отворениот базен ќе биде отворен накај 2 август, со цена на билет од 200 мкд, додека затворениот базен ќе биде отворен подоцна поради извесни градежни работи што треба да бидат завршени наскоро.

Во меѓувреме, денес на седницата на советот беше најавено дека во склоп на базените ќе започнат со работа и активности за развој на спортот и пливачките дисциплини кај младите од Куманово.

 

Loading...