Во понеделник без струја повеќе делови на Куманово и околината

Сподели со своите пријатели

Низа локации во понеделник ќе останат без електрична енергија во одредени периоди од денот, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Во период од 08:00 до 09:00 прекини во снабдувањето ќе имаат корисниците на булеварот „Трета Македонска Ударна Бригада“, поточно гостилница „Дома“, сендвичара „Џипси“,„Суперсрк“, локалот „Тифани“, Железара „Тамара – Дерм“.

Прекини од 09:00 до 14:00 часот ќе имаат корисниците на улицата „Доне Божинов“ (кај место Средорек спротивно од Висто сервис, Димишковски, Аутоцентар Ацо,сервис ЦЗ и дуќаните пред ТС Средорек).

Во период од 08:30 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците: „Боро Соколов“, „Видое Смилевски Бато“, „ББ Гуцман“ и „Васко Карангеловски“.

Прекини во снабдување со електрична енергија се најавени и за во вторник, но претежно за селата околу Куманово. Така во период од 08:45 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од селата: Клечовце ,Новосељане, Скачковце, Колитско, Косматац, Мургаш, Кутлибег, Пезово, Кокошиње, Кучкарево, Габреш и Зубовце.

Како што појаснуваат од РУЦК, станува збор за најавени прекини поради инвестициски зафати во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски

Leave a Reply