Во Полска стапи на сила забраната за влез на руски државјани

Сподели со своите пријатели

Во Полска денеска стапи на сила забраната за влез на руски државјани кои пристигнуваат по воздушен или морски пат.

Loading...

Варшава претходно го забрани влезот на Русите по копнен пат, потсетува ТАСС.

На 19 септември полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински издаде упатства за заострување на правилата за Русите по договорот со властите на Естонија, Литванија и Летонија за забрана за влез на руски државјани кои поседуваат шенген визи за посети поврзани со туризам, култура, спорт и бизнис.

Полска нема ни да дозволи влез на руски државјани кои имаат шенген виза издадена од друга земја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рускиот суд го осуди портпаролот на Мета на шест години затвор

Сепак, постојат исклучоци, вклучувајќи дисиденти, хуманитарни случаи, истражувачи, членови на дипломатски мисии, студенти на полски образовни институции и рибари.

Полска пред неколку месеци престана да издава туристички визи за руски државјани.

Право на полска виза имаат само дипломати, возачи на камиони, членови на семејства на полски државјани и други граѓани на ЕУ, како и лица кои патуваат за хуманитарни акции.