Во петок започнува новата сезона на отворениот градски базен

Сподели со своите пријатели

Во петок ќе започне со работа отворениот градски базен во Куманово.

Влезот на оваа убаво место за релаксација и разладување, за децата до седум години во присуство на нивните родители е бесплатен. За децата до 12 години ќе чини 75 денари, додека за повозрасните граѓани дневниот билет ќе се продава по цена од 150 денари.

 

Loading...

 

Базенот ќе работи од 10:00 до 18:00 часот, а за безбедноста на капачите ќе се грижат спасувачи.

Доколку дозволат временските услови базенот ќе биде отворен до први септември.

Инаку самиот базен има површина од 550 метри квадратни каде се поставени и 200 лежалки.

фото: архива

Leave a Reply