Во петок стечајците ќе го блокираат излезот од градот

Сподели со своите пријатели

Со сите случувања во државата, стечајците сметаат дека нивните проблеми се подзаборавени, па затоа во петок на протест повторно ќе ја потсетат власта дека нивниот проблем се уште не е решен, на тој начин што ќе го блокираат излезот од градот во петок во 11 часот.

Протестите ќе се одвиваат на локално ниво, поради недостаток на финансиски средства да заминат на протест пред Владата.

Секој координатор во својот град ќе одлучи каде ќе протестира, така да ќе биде и во Штип и во Кочани, Куманово, Крива Паланка, значи во сите градови ќе има протести за да најавиме идни протести за во Скопје. Идните протести во Скопје ќе се одржуваат барем еднаш неделно во Скопје од 12 до 18 часот, каде потоа настапува Шарената револуција, за да народот сфати дека сме најзагрозени и дека мора да се обрне внимание на оваа категорија на бивши работници, затоа што луѓето нема од што да живеат, а се јави и преголема смртност кај стечајното населени – вели Лилјана Георгиевска од здрижението на стечајни работници „Унит“.

Според Георгиевска веќе 70% од стечајното население е изумрено, но останатите нема да се предадат и ќе се борат до крај, а не ја исклучуваат можноста протестите да искалираат.

На народот му е преку глава од се и веќе нема од што да живее. Нашите барања е да се обештетиме со 6.000 денари или да се изедначиме со оној предлог закон со Стојан Стојанов што би било најправедно, така што јас се надевам дека веќе ќе проработи свеста на сите граѓани да не поддржат да дојдеме до нашата цел и да дојдеме до нашите цели – додава Георгиевска.

Од 2.100 членови, во кумановското здружение останале само 760 стечајни работници, а секој понедленик одаваат почит на некој свој член, а многу од останатите се разболени.

фото: архива