Во петок ќе се одржи маскенбалот „Батко Ѓорѓија“

Сподели со своите пријатели

Маскенбалот „Батко Ѓорѓија“ традиционално ќе се одржи и оваа година на градскиот плоштад во Куманово, со почеток во 10 часот.

Loading...

Како што информираат од Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово кои се организатори на настанот, свое учество ќе земат учениците од основните и средни училишта во градот.

Помалите ученици ќе продефилираат со своите маски од улицата „Тане Георгиевски“ до градскиот плоштад, додека учениците од петто одделение и средношколците своето дефиле ќе го имаат од Театар Куманово до плоштадот.

Дефилето ќе предизвика и пренасочување на сообраќајот во централното градско подрачје.

Никола Ивановски