Во петок и сабота ќе се одржи Меѓународниот тамбурашки фестивал (видео)

Сподели со своите пријатели

По покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово и финансиска помош од Министерството за култура и оваа година ќе се одржи Меѓународниот 11ти тамбурашки фестивал во Куманово.

Loading...

И оваа година познати оркестарски групи од регионот ќе бидат дел од фестивалот кој стана симбол на културата во градот. Фестивалот ќе се одржи на 21 и 22 август, а општината ќе ја чини 400.000 денари, додека Министерството за култура има двојно помало финансиско учество во организацијата.

Првата вечер ќе настапат Кумановските тамбураши и Нино Величковски заедно со Ивона Јованивоиќ и Мартинијан Кириловски, кои на лична иницијатива на градоначалникот ќе го збогатат овој фестивал со својот талент. Истата вечер ќе настапат и добро познатите тамбураши на Мирослав Шкоро од Загреб, Република Хрватска.

Втората врчер пак на репертоарот на фестивалот се наоѓаат Тамбурашкиот окрестар „Банат“ од Сегедин (Унгарија), „Випавски тамбураши“ од Република Словенија, како и тамбурашкиот состав „Банда“ од Нови Сад.

Градоначалникот Зоран Дамјановски и Фондацијата за култура и спорт во Општина Куманово ги покануваат сите граѓани да присуствуваат на фестивалот чиј почеток е закажан за 20:30 часот на 21 и 22 август.

Главен медиумски покровител на целиот настан ќе биде Телевизијата 24 Вести.

Loading...