Во Париз отворен азил за златни рипки

Сподели со своите пријатели

Еден аквариум во Париз нуди засолниште за златните рипки на нивните сопственици доколку повеќе не ги сакаат или немаат доволно услови да ги чуваат.

„Aquarium de Paris“, најголемиот аквариум во француската престолнина, нуди сместување на „напуштени“ рипки кои би заврише во ВЦ школките, односно во канализацијата, пренесува Ројтерс.

Една од сопственичките на златна рипка, Еми Лефуест, изјавила, дека повеќе не може да пружа поволни услови за живот на својот миленик Луис-Пабло.

Ајкула излета од аквариум и нападна девојче во трговски центар (ВИДЕО)

Loading...

– Прилично сум приврзана за него, но си реков себе си, две години се доволни и сега е време да се оди напред и да живее како што тоа и доликува на златната рипка, рекла таа.

– Беше во мал сад и сигурен сум дека тука ќе и биде подобро, рекол 32-годишниот Александер кој својот доскорашен „другар“ го донел во „азил“.

 

 

Потоа, како што наведува Ројтерс, Луси Пабло, еден од работниците во аквариумот го префрлил во привремено „сместување“, некој вид карантик каде ќе помине 40 дена за да се провери неговото здравје, а потоа ќе биде префрлен во главниот изложбен аквариум.

Во текот на тие месец дена ќе мине низ антибиотски третман и чистење од паразити.

– Некои од нив доаѓаат многу слаби. Златната рипка во стаклен сад може да живее во просек од две до три години, ако водата редовно се менува. Та аможе да доживее и до 20 години со адекватни услови, , вели Селин Безол која се грижи за рибите.

ОВА УШТЕ ГО НЕМАТЕ ВИДЕНО: Риба сама го движи својот аквариум (ВИДЕО)

Со овој чекор сопствениците на парискиот аквариум се надеваат дека ќе ја зголемат свеста за доброто на животните.

Во изминатите две години, повеќе од 600 златни рипки нашле живот во овој аквариум.

Leave a Reply