Во овој „паметен град“ ќе се возат електрични автомобили и ќе владее паметната технологија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во Осло следната година ќе започне со изградба аеродром кој ќе има четири милиони квадрати, ќе биде напојуван исклучиво со обновливи извори на енергија и во него ќе се возат само електрични возила. Аеродромот на иднината го дизајнирале „Haptic Architects“ и „Nordic Office of Architecture“.

 

Loading...

 

Целта на „Oslo Airport City“ е да биде првиот енергетски позитивен аеродром, односно да одржлив град кој ќе има можност и да го продава вишокот енергија која ќе ја произведува, на околните згради, заедници и градови.

 

 

Планот за новиот аеродром е во рамките на политикита на владата која се прегрла на зелената енергија наспроти онаа базирана на нафта.

Со градот ќе управува најсовремена зелена технологија со електрични автомобили без возачи. Паметната технологија ќе доминира во секоја област од мобилноста до отпадот и безбедноста.

 

Loading...

 

„Oslo Airport City“ ќе нуди и разни спортски активности и рекреација, ќе има јавен парк, центар на градот во кој возилата нема да бидат дозволени. Неговите жители никогаш нема да бидат одалечени повеќе од пет минути чекорење од јавниот превоз. Ќе имаат и многу зелени површини, а во градот ќе можат да работат и до 40.000 луѓе.

 

 

Новиот аеродром ќе биде сместен помеѓу „Oslo Airport Gardermoen“ (OSL) и „Jessheim“. Изградбата ќе трае 30 години.

Leave a Reply