Во оваа земја повеќе ќе нема солариум за малолетници

Сподели со своите пријатели

Швајцарската влада соопшти дека на малолетниците треба да им се забрани користење на солариумот поради ризик од долгата изложеност на радијација кој може да доведе до рак на кожата.

Швајцарскиот Федерален совет заземал ваков став на отворањето на консултациите за мерките за заштита на населението од изложеност кон опасните зраци и претераната бучава.

Предложени се и ограничувања на употребата на ласерот во козметички цели и нови построги правила за користење на засилувачи при демонстрации кои би ги приморале организаторите на учесниците да им обезбедат заштита од бучавата која надминува 93 децибели.

Властите предложиле и нови мерки за користење ласери во јавноста, поради стравот дека би можеле да им наштетат на пилотите и возачите на возовите.

Вработените во салоните ќе бидат во обврска да ги информираат возрасните муштерии за ризиците од употребата на солариумот.

Leave a Reply