Во оваа село жените имаат коси долги и до 2 метри (галерија)

Сподели со своите пријатели

Скоро во целиот свет должината и oдржувањето на косата игра голема улога во животот на жените, а во селото Хуанглуо во Кина, долгата коса за жените претставува нешто мошне вредно.

Loading...

Селото брои 82 домаќинства, припадници на етничката група „Црвен Јао“, која името го добила по традиционалната облека. Како и многу други кинески села и во оваа можат да се најдат атрактивни древни традиции. Но, она што оваа село го изделува од останатите е женската опсесија за долга коса.

Жените се толку опседнати со својата коса што селото и официјално го примило Гинисовиот сертификат за „Село со најдолга коса на светот“, а станало познато и како „Село на долгата коса“.

Околу 120 жени во Хуанглуо имаат просечна должина на косата од 1,7 метри, а се шишаат само еднаш во животот – кога ќе наполнат 16 години и кога официјално можат да се омажат. Но, дури ни тогаш не се фрла косата. Бабата на девојката од неа прави накит, па истиот го подарува на идниот сопруг. Подоцна, тој накит девојката го користи како додаток во секојдневните фризури.

Сите жени во оваа кинеско село имаат слична фризура. Иако се мали, разликите во фризурите се многу важни затоа што тие говорат за љубовниот статус на девојката. Ако косата едноставно е замотана околу главата, тоа значи дека таа е во брак, но нема деца. Доколку е мала „пунџа“ и се наоѓа на предниот дел, тоа значи дека е во брак и има деца, а доколку носи шамија околу главата тоа значи дека е во потрага по сопруг.

Во прилог следува интересна глаерија од оваа интересно село запишано во книгата на Гинис.

[huge_it_gallery id=”126″]