Во оваа фонтана дневно се фрлаат и до 3.000 евра

Сподели со своите пријатели

Фонтана ди Треви во Рим има долга традициај – ако стоите свртени со грбот кон неа и преку рамето фрлите паричка, загарантирано ќе се вратите во Рим.

Секојдневно италијанската католичка хуманитарна организација Каритас по еден час дневно ја „чисти“ фонтаната и парите ги испраќа на загрозените, но тука дневно се собираат и до 3.000 евра.

Дури, благодарение на тие пари во 2008. година отворен е супермаркет со ниски цени за сиромашните, пишува The Time.

И додека Фонтана ди Треви мора да се чисти секој ден, на другите познати фонтани купуваат добивка на неколку месеци.

Во езерот на хотелот и казино „The Bellagio“ во Лас Вегас годишно завршуваат 12.000 долари, а таа има посебен систем за чистење – голема правосмукалка која отстранува се од дното.

И во трговскиот центар во Минесота е обичај во фонтана да се фрлаат монети и во водата месечно завршуваат до 2.000 долари, кои исто така одат во хуманитарни цели.

Leave a Reply