Во океанот пуштил порака во шише, по девет години пристигна и одговорот

Сподели со своите пријатели

Десетгодишно момче фрлило порака во шишето пред девет години во Атлантскиот океан, и конечно доби одговор од „далечниот брег“.

Loading...

Макс Вреденбург веќе заборавил дека во 2010 година испратил порака во која се наоѓа неговата адреса, сè додека неговиот татко не му испратил фотографија од писмо испратено од Франција.

Американец на Алјаска пронајде порака во шише напишана на руски, побара помош да ја прочита, а потоа следуваше шок (ВИДЕО)

Во тоа време, 10-годишниот Макс напишал писмо во кое барал оној што ќе го чита да одговори, како и да напише некои информации за себе:

„Сакам јаболка, ја сакам плажата, омилената боја ми е сина, сакам животни, сакам автомобили и ја сакам вселената“,овие информации изгледаат толку важново тие години, а момчето се досетило да остави и домашна адреса за да добие одговор.

Шишето со порака испратено од Масачусетс било пронајдено на брегот на Франција по десет години, каде го пронашол г-дин Дебуа.

„Потребни беа девет години да ги поминеме 6.000 милји што нè делат“, напишал тој, а неговото писмо сè уште содржи датум на откритие и мапа за да му овозможи на Макс Вреденбург да знае колку е далеку неговата порака.

Пронајдена најстарата порака во шише во светот (ВИДЕО)

Loading...

Тој за Си-Ен-Ен Травел изјави дека е шокиран кога го видел одговорот бидејќи не верувал дека некој некогаш ќе одговори.

„Нема да доживеам вакво нешто до крајот на животот“, рече тој, откривајќи дека планирал да остане во контакт со мажот кој бил толку љубезен за да одговори и да му се заблагодари за тоа.

Leave a Reply