Во нашата галаксија можеби има над 30 вонземски цивилизации, тврдат научниците

Сподели со своите пријатели

Според најновите пресметки на британските научници, во нашата галаксија би можело да има повеќе до 30 интелигентни вонземски цивилизации со кои би можеле да стапиме во контакт.

Loading...

„Мислам дека оваа студија е исклучително важна и возбудлива затоа што за прв пат навистина имаме проценка за бројот на активни интелигентни вонземски цивилизации со кои би можеле да контактираме и да откриеме дали има повеќе видови во вселената“, рече астрофизичарот Кристофер Конселис од Универзитетот во Нотингем и коавтор на студијата.

Познат футуролог предупредува: Ако вонземските цивилизации постојат, подобро е да не им се јавуваме

Во 1961 година, астрономот Френк Дрејк состави пресметка која стана позната како Дрејкова равенка, преку седум клучни фактори проценувајќи го можниот број интелигентни вонземски цивилизации.

Меѓу споменатите фактори беше просечниот број на sвезди кои се формираат секоја година во галаксијата и времето што е потребно цивилизација да достигне фаза на развој во која може да испраќа сигнали во вселената, пишува „Гардијан“.

„Проценките на равенката на Дрејк се движат од нула до неколку милијарди цивилизации и служат повеќе како алатка за размислување отколку како практично решение“, рече Конселис.

Кина од септември тргнува во потрага по вонземјани

Нова проценка за бројот на развиени вонземски цивилизации

Loading...

Астрофизичарот Конселис и неговите колеги објаснија во научното списание „Астрофизички журнал“ како ја дополниле равенката со нови податоци и претпоставки и излегоа со свои проценки.

„Претпоставувавме дека интелигентниот живот ќе се формира на другите планети што се слични на нашиот на сличен начин како оној формиран на Земјата, односно дека за неколку милијарди години животот автоматски ќе се формира како природен тек на еволуцијата“, рече Конселис.

ШОКАНТНА СНИМКА ОД МАРС: Постојат гаражи за НЛО, исто како и на Земјата? (ВИДЕО)

„Претпоставката, позната како копернички астробиолошки принцип, има основа затоа што ги знаеме сите процеси од хемиски реакции до формирање на sвезди. Ако интелигентниот живот се формира врз научни принципи, не само случајно или на некој уникатен начин, тогаш би очекувале во нашата галаксија барем голем број вонземски цивилизации“, рече тој.

„Иако ова е шпекулативна теорија, јас верувам дека вонземскиот живот е на некој начин сличен на оној на Земјата. Ние не би се шокирале кога би ги виделе“, додаде тој.

Научниците пресметале дека под најстрогите претпоставки каде, како на Земјата, животот се формира меѓу 4,5 милијарди и 5,5 милијарди години по формирањето на sвездите, сега на Млечниот пат веројатно има меѓу четири и 211 цивилизација што се способни за комуникација, со тоа што нивниот најверојатен број е 36.

Истражување открива како би реагирало човештвото доколку пристигнат вонземјани

Има еден проблем – тие се многу далеку

Loading...

Астрофизичарите додадоа дека нашата цивилизација треба да живее најмалку уште 6.120 години за можноста за двонасочна комуникација.

„Тие се веројатно многу далеку. Според нашите пресметки, најблиската таква цивилизација е оддалечена 17.000 светлосни години“, рече Конселис.

Планетарниот научник Ендру Коутс од Универзитетскиот колеџ во Лондон смета дека претпоставките на Конселис и неговите колеги се разумни, но дека потрагата по вонземски живот веројатно ќе се случи поблиску до дома.

Вонземјаните можеле да ја посетат земјата кога луѓето на неа воопшто и не постоеле?

„Оваа нова проценка е интересна, но засега не можеме да ја тестираме со технологијата што ни е достапна. Од друга страна, потрагата по друг живот во вселената, најверојатно, ќе вклучува посета на предмети во нашиот сончев систем; како Марс, Месечината на Европа, Титан или Енкелад. Ова е фасцинантно време за потрага по вонземски живот“, рече Коутс.

Студијата наречена „The Astrobiological Copernican Weak and Strong Limits for Intelligent Life“, беше објавена во „Astrophysical Journal“.

Leave a Reply