Во Москва уапсен опозиционерот Навални

Сподели со своите пријатели

Руската полиција денеска влезе во канцеларијата на опизицискиот лидер Алексеј Навални во Москва, откако неговите приврзаници започнаа протести ширум земјата повикувајќи на бојкот на претседателските избори во марк за кои тврдат дека ќе бидат наместени, јавува Ројтерс. Тој е приведен веднаш откако се придружил на насобраната маса на протестот во Москва.

Независната група ОВД-Инфо соопштува дека за време на полцииската рација приведени се шестмина соработници на Навални и дека тие се муѓу 60те луѓе кои, како што тврдат, до 13:00 часот по московско време се приведени ширум Русија.

Полицијата за време на рацијата во канцеларијата на Навални го прекинала работењето на ТВ студиото кое емитувало дневник на интернет, но уште едно такво студио на друга локација и натаму работи, додава Ројтерс.

Утринава портпаролката на Алексеј Навални, Кира Јармиш изјавила дека руската полиција утринава започнала да провалува во неговата канцеларија во Москва, користејќи бургија.

Истовремето, Роман Рубанов, приврзаник на Навални, на социјалните мрежи напиша дека полицијата соопштила дека ги истражува наводите според кои во канцеларијата се наошала бомба, што него, како што навел, го изненадило.

На фотографиите кои на интернет ги објавиле приврзаниците на Навални се гледа дека околу 14 полицајци утринава гоокупирале влезот во неговата канцеларија, а на некои се гледа и дека влегле внатре и започнале да ги испитуваат луѓето, наведува британската агенција.

На Навални инаку му е забрането да се кандидира на изборите за претседател на Русија кои се распишани за 18. март, додека анкетите наговестуваат дека актуелниот руски претседател Владимир Путин лесно ќе ја однесе изборната победа.