Во Маврово 96 сантиметри снег, – 11 степени во Ѓуриште

Сподели со своите пријатели

Најстудено во Македонија изутринава  е во Ѓуриште, каде се измерени – 11 степени,   по што со – 8  следат Пожаране и Маврово, каде има 96 сантиметри снег.  Минус седум степени се измерени во Скопје Петровец, Берово, Лазарополе, Крушево и Тетово, – 6 во Крива Паланка и Штип, – 5 во Виница, Дебар и Скопје,  – 3 во Демир Капија, Тополчани и Претор, – 2 во Охрид, – 1 во Прилеп и Битола, до нула  во Гевгелија, Струмица и Дојран.

Висината на снежната покривка во Лазарополе изнесува 85 сантиметри, 65 во Крушево, 60 во Пожаране, 36 во Ѓуриште, 35 во Тетово, 30 во Дебар, 25 во Скопје Петровец…

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди и со слаби  и локални врнежи претежно од снег. Особено студено ќе биде во утринските часови. Во западните и крајните северни делови ќе повремен слаб локален снег, особено претпладне. Ќе дува умерен, на повисоките места и планините засилен северен ветер.

Највисоката температура преку денот ќе достигне  од -3 до 3 степени.

Loading...

Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за слабо проврнување на снег. Температурата ќе достигне до околу нула.

Според УХМР, до утре ќе преовладува променливо облачно и студено време со кратки сончеви периоди. Утре ќе дува умерен, на повисоките места и планините засилен северен ветер, а претпладне во западните и северните делови ќе има повремен слаб снег.  Утре во утринските часови поради разведрувањето температурите ќе бидат многу ниски, на повеќе места ќе се спуштат под -10 степени.  Кон крајот на денот во западните делови ќе има локални врнежи од снег, а во петок ќе поминуваат во дожд, но локално ќе има и услови за замрзнат дожд. /МИА

Leave a Reply