Во маргаринот има „трансмастни киселини“, кои доведуваат до агресивност

Сподели со своите пријатели

Соединенијата познати како „трансмастни киселини“, кои се наоѓаат во големи количини во маргаринот и во други брзи храни, доведуваат до агресивност и раздразливост, утврдило истражувањето на која се повикува Daily Mail.

Во него учествувале 945 лица со различни режими на исхрана. Резултатите покажале дека луѓето кои внесуваат големи количини од предметните киселини, се поагресивни.

 

Loading...

 

Научниците предупредуваат дека во училиштата и затворите менито треба да се промени, за да се избегнат слични последици.

Д-р Беатрис Голомб – професор на Калифорнискиот универзитет и раководител на истражувањето, го потврдува овие заклучоци за штетното влијание на трансмастните киселини.

До овој момент беше познато дека овие соединенија можат да доведат до проблеми со нивото на холестерол, инсулинската резистенција, оксидација, воспаленија и срцеви заболувања.

Leave a Reply