Во кумановски кафе бар пронајдени 0,29 грама марихуана

Сподели со своите пријатели

Триесетгодишен кумановец со иницијали Б.А. заработил кривична пријава постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Имено на 12 декември минатата година полициски службеници извршиле преглед над пријавениот во кафе бар во Куманово при што кај него биле пронајдени 0,29 грама наркотична дрога марихуана.

Секторот за внатрешни работи Куманово кривично ќе го гони Б.А.