Во кумановската касарна одбележана 22-годишнината од формирањето на СИБРИГ (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Во касарната „Боро Менков“ во Куманово денеска беше одбележана 22-годишнината од формирањето на Бригадата на Југоисточна Европа (СИБРИГ), а воедно се одржа и церемонија за предавање на претседавањето со Процесот на министерска соработка во одбраната во Југоисточна Европа, од Република Албанија на Република Бугарија.

Loading...

 

 

На настанот присуствуваше и министерката за одбрана Радмила Шекеринска која истакна дека процесот е одличен форум за регионален дијалог и безбедносна соработка, но и модел за градење на добри односи меѓу соседите.

– Состојбите со епидемијата, поплавите и пожарите нѐ потсетија колку е важно и да се продлабочи регионалното заедништво преку инвестирање во кризен менаџмент и создавање на механизми за справување со овие нови предизвици со кои се повеќе ќе се соочуваме во иднина, рече Шекеринска.

 

Loading...

 

По членството во НАТО, приоритет е интерграцијата во ЕУ, рече министерката и се заблагодари на напорите што ги вложи Албанија за соработката во министерскиот процес и ја истакна својата увереност дека и Бугарија како следен претседавач ќе продолжи во иста насока.

 

 

Командантот на СИБРИГ, Аристедеис Илиопулос, рече дека, од нејзиното активирање, пред 22 години, СЕЕБРИГ е посветена на обезбедување придонес за регионалната безбедност и стабилност и да зајакнување на добрососедските односи, меѓу земјите – членки.

– Покрај тоа, нашето учество во меѓународни вежби, колективни обуки со сродни единици и структури на НАТО, курсеви, конференции, официјални посети и состаноци, доведе до унапредување на видливоста на СЕЕБРИГ кај меѓународните организации. Во оваа рамка, СЕЕБРИГ успеа да ги одржи воените способности за да ја исполни својата мисија, секогаш кога тоа ќе биде побарано, рече Илиопулос во своето обраќање.

 

Loading...

 

Генерал – потполковник Димитар Илиев, заменик – началник на Генералштабот на Бугарија која го презема претседавањето со Процесот на министерска соработка, вели дека ова е исклучителен пример за конструктивна соработка што ја зајакнува меѓусебната доверба и разбирање во Југоисточна Европа.

– Несомнено, Процесот е извонреден форум кој обезбедува поволни услови за динамичен регионален дијалог и соработка во одбраната и безбедноста. Сигурен сум дека исклучителната работа на двете работни тела – Координативниот комитет на Процесот за соработка на министерствата за одбрана на Југоисточна Европа (СЕДМ-КК) и Политичко-воениот  управен комитет (ПВУК), ја обезбедуваат основата за целосно исполнување на сите планирани цели на СЕДМ, рече во своето обраќање Генерал – потполковник Илиев.

 

 

Како дел од овој процес, на почетокот на ноември во Скопје ќе се одржи министерски состанок на земјите членки, на кој се очекува да бидат реафирмирани политиките на заедништво и солидарност во справувањето со новите закани и предизвици.

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

текст/фото: Никола Ивановски