Во Куманово за шест месеци 274 сообраќајки

Сподели со своите пријатели

Во Куманово во првата половина од годинава се случиле 274 сообраќајни несреќи во кои животот го загубиле две лица, 17 се здобиле со тешки телесни повреди, 127 со повреди, а во толкав број сообраќајки имало материјална штета, информираат од МВР.

Вкупно, информираат од МВР повредени биле 216 лица од кои 19 со тешки телесни повреди, од нив шестмина пешаци, по еден велосипедист и возач на мотор, четворица возачи, шест патници и еден останат учесник во сообраќајот. Останатите 197 се здобиле со телесни повреди од кои 27 пешаци, седумина велосипедисти, 20 возачи на мопед, 68 возачи, 73 патници во возило и двајца останати учесници.

Најчести причини за настанување на сообраќајните незгоди во 59 случаи било првенство на минување, во 31 случај страна на движењето, во 20 растојание, 13 сообраќајки се случиле поради престигнување, по осум биле поради брзо возење и состојби на патот и во шест алкохолот бил причина за настанување на сообраќајни несреќи.

СВР Куманово во првата половина од годинава, спровел 69 републички акциски контроли, 30 локални и 391 зајакната акциска контрола и издадени се 1.107 прекршочни платни налози, 4.333 мандантни платни налози по и 619 прекршочни платни налози по Законот за возачи.

За несовесните пешаци кои не ги почитувале сообраќајните правила, СВР Куманово поднел десет барања за поведување прекршочна постапка, а 63 пешаци биле повикани на сообраќајна поука во просториите на СВР Куманово.

Leave a Reply