Во Куманово се избираа најдобрите расни кучиња (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Две државни CAC изложби на расни кучиња беа одржани денеска на фудбалските игралишта кај локалитетот Соколана, а во организација на Кинолошкото друштво „Кинолог“ од Куманово.

 

Loading...

– Благодарност на домаќините што вака пристапија кон еден ваков натпревар, затоа што ова е прво двојно наптреварување. Во Македонија се нема случено досега вака, ова е храбар настан за Кинолог Куманово кој за еден ден прави две изложби со реномирани домашни и странски судии од соседна Србија, изјави Ацо Павловски, делегат на изложбата.

 

 

Над 120 кучиња од различни раси денеска беа дел од изложбата во Куманово, која привлече голем интерес кај оние кои ги сакаат овие домашни миленици.

– Изложбата е добро организирана, има задоволителен број на кучиња, четири ринга, судии од Македонија и Србија, победија најдобрите, се потрудивме и се надевам дека учесниците се задоволни, изјави Владимир Вукосављевиќ, судија од Србија.

 

 

Loading...

За победниците во одделни катергории и севкупните победници следуваа соодветни награди и пехари.

 

Leave a Reply