Во Куманово почна меѓународната колонија „Карпино 2019“

Сподели со своите пријатели

Почна 17-та меѓународната ликовна колонија „Карпино 2019“ во Куманово, информираа денеска организаторите од Мултимедијалнииот центар „Карпино“.

Loading...

Годинава ќе учествуваат 15 уметници од Италија, Хрватска, Црна Гора, Србија и уметници од домашната сцена. Колонијата ќе трае осум дена. Уметниците ќе творат во класични техники, акрил и масло на платно.

Колонијата ќе биде отворена и за јавноста, така што заинтересираните ќе можат да ги посетат уметниците додека творат, соопштија организаторите.

– Уметниците ќе посетат култутно-историски знаменитости во Куманово, Старо Нагоричане, Кратово, ќе се инспирираат и ќе креираат дела, изјави уметничкиот директор на колонијата, Валентина Илијевска.

Годинава се очекува плодна продукција од 30-тина дела, кои ќе бидат сочувани во депото, а дел ќе бидат распределени по институциите во градот.

На оваа колонија учествуваат уметници од различни генерации кои ќе имаат можност да соработуваат, да разменат идеи и да стекнат искуство.

Илијевска информираше дека покрај сликањето, предвидено е да се одржат, поетски вечери, театарски претстави, настапи на музичари, меѓу нив и вечер посветена на еден од основачите на колонијата Драгиша Димитријевски-Шипе. Креираните дела ќе бидат изложени прво пред кумановската јавност, а официјална изложба е закажана по повод Денот на ослободувањето на градот.

Leave a Reply