Во Куманово насадени 500 садници како дел од мерките против загадувањето (фото)

Сподели со своите пријатели

Во Куманово екипите на ЈП „Чистота и Зеленило“ изминативе две недели насадија 500 садници, зимзелени, листопадни и украсни грмушки, информираа денеска надлежните од претпријатието.

 

Loading...

 

Садниците се насадени долж булевартите „Октовриска Револуција“ и „Трета Македонска Ударна Бригада“, на улицата „Б. Б. Гуцман“ на улиците во поширокото градско подрајче, на зелените островца помеѓу станбените објекти. Локациите се одбрани поради интензитетот на сообраќај во овие делови од градот, со цел намалување на аерозагадувањето во Куманово.

 

 

– Ова е прва фаза од планираното озеленување на Куманово. Садниците ќе ги одржуваме постојано. Интензивно ќе отпочнеме со озеленување на сите површини во градот секаде има простор да се обнови зеленилото, да се посадат нови садници во март и април, изјави директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Сашо Петрушевски.

 

Loading...

 

Тој апелираше до граѓаните да не ги уништуваат садниците. Во изминативе години често се случуваа кражби на садници, а неретко новонасадените садници беа мета и на несовесни граѓани кои ги уништуваа и корнеа.

 

 

Садниците се сопствено производство на расадниците со кои располага претпријатието кај стадионот и во село Доброшане. За одржување на зелените површини во градот, кое влегува во рамки на програмата на ЈП „Чистота и Зеленило“ за тековната година од буџетот на општината одвоени се 12 милиони денари.