Во Куманово и Старо Нагоричане сѐ уште не е поднесена ниту една кандидатура

Сподели со своите пријатели

Ниту една кандидатура за градоначалник и за советнички листа досега не е доставена до општинската изборна комисија, Куманово, информираше денеска претседателката на ОИК Куманово, Бранкица Димковиќ. Рокот за доставување истекува утре на полноќ.

Loading...

-Досега никој од партиите, коалициите, независните нема поднесено кандидатура. Рокот истекува на 11 септември, годинава, односно до утре на полноќ, изјави Димковиќ.

Според податоците на ОИК Куманово има 167 избирачки места и исто толку одбори.

-Непречено се даваат решенија на новоизбраните членови за избирачки одбори. Дополнително ќе почекаме насоки од ДИК за обуките на новите членови, рече Димковиќ.

И во општина Старо Нагоричане, досега не е поднесена ниту една кандидатура, информираше претседателот на ОИК Старо Нагоричане Маријан Даиловски. Во оваа општина има 38 избирачки места.

-Се гласа на 36 места, бидејќи две се споени жителите од Брешко гласаат во Бајловце и жителите од Цветишница гласаат во Арбанашко. Ќе чекаме дополнителни насоки од ДИК дали ќе се спојат дополнителен број на избирачки места, изјави Даиловски.

Во Липково информираше претседателката на ОИК Липково, Ајше Демири има поднесено една независна листа за советници и една кандидатура од политичка партија за градоначалник и за советничка листа. Во Липково се гласа на 36 избирачки места. Демири нагласи дека во тек е врачување на решенија на новоизбрани членови на избирачките одбори.