Во Куманово активен пожарот во Горно Јачинце

Сподели со своите пријатели

Пожарот во атарот на селото Горно Јачинце на локалитетот Липец е сѐ уште активен утринава, информираат од Територијалната противпожарна единица Куманово.

Loading...

Во текот на ноќта изгаснати се пожарите во Довезенце и Мургаш, но на локациите се врши противпожарна стража од месното население.

– Ноќва се вратени екипи од Довезенце, утрово во три часот и од Мургаш, таму пожарите се изгаснати, но зависно од времето ако имаме ветер може повторно нешто да се предизвика. Во овој момент се завршени и утринава контактираме со мештаните да видиме каква е состојбата, прават противпожарна стража од месното население ако има нешто ќе бидеме известени, изјави Дејан Илиевски, командир на ТППЕ Куманово.

 

Пожарот во атарот на селото Довезенце

 

Инаку нискостеблеста шума вчера повторно се разгоре во атарот на селото Мургаш на ридот познат како Липец, околу 04:00 часот наутро, по што екипа беше испратена на терен и се интервенираше скоро цел ден.

Од другата страна на Липец пожар беснееше вчера во атарот на селото Довезенце. Екипа на ТППЕ Куманово е излезена на терен вчера околу 12:50 часот, а се вратени рано утринава.

 

Loading...

 

Кумановските пожарникари вчера интервенирале на запалена сува трева и во селото Опае во Општина Липково, но и во селото Градиште каде горела сува трева.

Во два наврати интервенирале и во пожарот во селото Челопек во Старо Нагоричане.

Никола Ивановски

Leave a Reply