Во Куманово 33. Државен противпожарен натпревар (фото)

Сподели со своите пријатели

Во организација на Пртоивпожарниот сојуз на Македонија, денеска во општина Куманово се одржа 33. Државен противпожарен натпревар.

 

Loading...

 

Најдобра екипа во категорија јуниори е општинската противпожарна екипа од Свети Николе, додека во категорија кадети екипата од Куманово, информираше, Часлав Јовановиќ од општинскиот Противпожарен сојуз на Куманово. На натпреварот присуствуваше и градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

– Чувството на задоволство и гордост што 33 години по ред се одржува овој квиз натпревар и не можам да не споменам дека 33 генерации стекнале одредени знаења од противпожарната заштита, дел од нив денеска се на некои функции, последен таков пример е градоначалникот на Општина Свети Николе, па се надевам дека еден ден дел од вас истото ќе може да го кажат од различни позиции во општеството, но со едно нешто што го носиме во себе, а тоа е знаењето и желбата да придонесеме за противпожарната заштита во нашето општество, изјави проф.др. Никола Николов, претседател на Противпожарниот сојуз на Македонија.

 

 

Тој се заблагодари на поддршката на локалната власт која помогна за реализација на натпреварот во Куманово.

 

Loading...

 

На натпреварот на кој присуствуваше и градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

На државниот натпревар учествуваа екипи кои претходно ги освоија првите места на натпреварите на ниво на региони. Учениците се подготуваа од два учебника за гасење пожар, едниот за урбана средина, вториот за пожари на отворен простор.

 

 

 

Извор: МИА

Loading...