Во кои земји е најдолг годишниот одмор?

Сподели со своите пријатели

Одморите никогаш не се доволни и малку се оние кои доброволно се одрекуваат од тоа. На веб-страницата „Емплојмент Лоу“, која се занимава со вработување, се спроведе истражување во 25 земји за бројот на денови за одмор на кои вработените имаат право.

Loading...

Австрија е прва споед многу добри работи, па дури и за должината на годишните одмори. Вработените во таа земја можат да одмараат до 40 работни дена, што секако им се исплаќаат. Со Австрија и Германија, Франција и Данска се рај за работниците.

Ако на годишните одмори се вклучат државните празници кои се платени, жителите на овие земји можат да поминат скоро два месеци годишно на одмор.

Бразил, Велика Британија, Австралија и Чешка се исто така на врвот. Интересно е што на дното на оваа листа е Америка, каде одмори постојат, но не се платени.

Америка е сосема различен систем од сите други во кои има многу флексибилни опции. Таму, луѓето заработуваат многу повеќе и сами одлучуваат колку долго ќе поминат на одмор.

Во некои земји, платените одмори траат 15 дена, при што работниците имаат таканаречени стимулативни денови.

Ова значи, во пракса, дека ако некој има добри перформанси, бил продуктивен и ефикасен, тој би можел да ги искористи тие денови, во просек 15.

Во Македонија се одмора од 20 до 30 дена, во зависност од работните места, но со бројот на државни празници кои не ставаат на врвот во Европа, секако тоа е далеку повеќе.

Loading...

Leave a Reply