Во Кина пронајдени фосилни остатоци од животно стари 500 милиони години

Сподели со своите пријатели

Кинески научници пронајдоа фосилизиран трилобит во провинцијата Шандонг, кој датира од пред 500 милиони години, објави кинеската новинска агенција Ксинхуа.

Loading...

Трилобитот долг четири сантиметри, наречен Phantaspis auratus, има издолжена предна глава со двојна зашилена форма што личи на зајачки уши, објави Институтот за геологија и палеонтологија во Нанџинг од Кинеската академија на науките.

Трилобитите се изумрени морски членконоги кои живееле во океаните пред околу 520 милиони до 250 милиони години.

„Ова е првпат да видиме трилобит со толку чуден изглед. Невообичаената форма на главата можела да му помогне да лови храна или да ги збуни неговите природни непријатели“, рече Чао Фанчен, истражувач во Институтот.

Студијата неодамна беше објавена во научното списание Acta Palaeontologica Polonica.

Leave a Reply