Во Кина 223 нови ковид случаи

Сподели со своите пријатели

Во последните 24 часа на главната територија на Кина се регистрирани 223 случаи на инфекција со коронавирус, меѓу кои 163 се предизвикани од локално пренесување, пишува Анадолија.

Loading...

Во последните 24 часа се регистрирани 60 случаи на заразени од странство, а нема починати.

Од друга страна, пријавени се 11 асимптоматски случаи на коронавирус, од кои еден е предизвикан од локално пренесување.

Во Кина, каде се појавија првите случаи на зараза, досега се регистрирани 105.087 случаи на инфекција, а починале 4.636 лица. На лекување се 3.494 лица.

 

Вака изгледа нулта толеранција кон коронавирусот во Кина (ВИДЕО)

 

Кина продолжува да презема мерки за да се спречи ширењето на болеста, особено во областите каде што е забележан поголем број на луѓе.

Loading...

Земјата спроведува стратегија за „нулта случај“, каде што се обидува да го прекине синџирот на инфекција каде што се појавува.

Оваа стратегија вклучува мерки за изолација, ограничувања за патување и колективно тестирање.

Но, оваа стратегија повремено предизвикува протести и критики, со образложение дека го отежнуваат вообичаениот начин на живот, но и создаваат високи финансиски трошоци, пишува Анадолија.