Во Јужна Кореја укината 66 години долга забрана

Сподели со своите пријатели

До крајот на 2020 година мора да се укина 66 години долгата забрана за абортус во Јужна Кореја, одлучи Уставниот суд на земјата.

Loading...

Ова е голем ден и голема победа за заговорниците на слободниот избор кога е во прашање прекинувањето на несеканата бременост, пишува CNN.

Седум од девет судии гласале за легализација на абортусот. Тие одлучиле дека забраната на абортусот е неуставна. Инаку, биле доволни шест гласови за да одлуката биде валидна.

По оваа одлука, следниот чекор е на законодавниците кои мора до 31 декември 2020 година да го ревидираат законот.

Абортусот во 20 недела од бременоста и натаму во Јужна Кореја нема да биде легален.

Претходно жените кои имале абортуси во Јужна Кореја се соочиле со затворска казна од година дена и парична казна од околу 1.780 долари. Лекарите кои вршеле абортуси и сите кои во него учествувале можеле да бидат казнети со затворска казна во траење од две години.

Loading...

Додека кривичните гонења биле ретки, не биле невообичаени.

Истражувањето за абортусот покажало дека три четвртини од жените на возраст од 15 до 44 години сметале дека законот е неправичен.

Истражувањето оваа година го спровел корејскиот Институт за здравство и социјални прапања. Околу 20 отсто од испитаниците изјавиле дека имале абортус и покрај тоа што бил илегален.

Криминал и стигма

Кога имала 40 години, Ким Кујонг дознала дека трет пат останала бремена. Тогаш веќе имала две деца и се одлучила на абортус. Во многу држави ова била обична процедура која се прави во рамките на здравствениот систем, но не и во Јужна Кореја.

Ким можела тоа да го стори само илегално. Тоа било пред 12 години, а вели дека и натаму се чувствува лошо, како да го „прекршила законот“.

Откако потврдила дека бременоста пристигнала, Ким закажала абортус. На својата мајка никогаш не и признала што направила.

Ким не е осамена во оваа одлука. Се претпоставува дека само минатата година 50.000 жени во Јужна Кореја имале абортус.

Loading...

Leave a Reply