Во Јапонија за Божиќ позлатени КитКет чоколади

Сподели со своите пријатели

Компанијата „Нестле“ одлучила по повод Божиќ во декември на пазарот во Јапонија да пласира специјална позлатена верзија на популарните чоколади.

Loading...

Бидејќи во Јапонија се лудува по КитКат чоколадите, компанијата се одлучила да направи чоколадни вафли прекриени со тенок слот на листови од злато кои ќе чинат 15 евра, а во продажба ќе бидат пуштени само 500 вакви примероци.

Така „Нестле“ ќе организира и игра на среќа во која победникот ќе освои КитКат табла со 230 грама злато, вредна 7.500 евра.

Швајцарската компанија уверува дека вускот нема да се промени поради златото и ќе го задржат истиот примамлив чоколаден ужиток за многу луѓе.

На јапонскиот пазар моментално има околу 200 различни видови на КитКат чоколади.