Во Јапонија мобилизација на 18.000 полицајци за време на посетата на Бајден

Сподели со своите пријатели

Околу 18.000 полицајци ќе бидат мобилизирани во Токио за одржување на безбедноста за време на посетата на американскиот претседател Џозеф Бајден.

Loading...

Токио ќе биде центар на средбата на лидерите на САД, Индија и Австралија следната недела, а домаќин ќе биде јапонскиот премиер Фумио Кушида, пренесе агенцијата Кјодо.

 

Досега од Азовстал се предале 1.730 борци

 

Од недела во градот ќе се воведат тридневни рестриктивни мерки за сообраќај, бидејќи тогаш ќе пристигне Бајден, кој ден подоцна ќе разговара со Кишид и ќе присуствува на состанокот на државите од квад (САД, Индија, Јапонија, Австралија).

Тоа значи дека на средбата ќе биде и премиерот на Индија, Нарендра Моди, како и лидерот на партијата која победи на општите избори во Австралија викендов.

 

Loading...

Џорџ Буш ја помеша Украина со Ирак: Инвазијата на Ирак е брутална и неоправдана

 

Покрај голем број полицајци, подготвен е и специјален тим за разбивање демонстрации и безбедносен тим кој може да одговори на појавата на беспилотни летала, изјави претставник на полицијата.

Специјалците денеска го проверија патот во близина на американската амбасада во Токио.

Четворицата лидери се очекува да разговараат за руската инвазија на Украина, како и за некои други прашања.