Во изолација цело одделение во „Крсте Мисирков“, поради позитивен соученик

Сподели со своите пријатели

Првооделенец во Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ во Куманово е позитивно на коронавирус, а како превенција сите негови соученици и наставникот се ставени во самоизолација.

Loading...

Како што информираше директорот на училиштето Александар Јовановиќ, родителот бил тестиран при што добил позитивен резултат за време на продолжениот викенд, а подоцна и учникот.

– Во координација сме со Центарот за јавно здравје, посочено ни е од денеска одделението и одделенскиот наставник се упатуваат во изолација. Наставата ќе продолжат да ја следат од дома онлајн, други ученици се добри, наставникот е добар, но превентивно се испраќаат во изолација и наставата ќе продолжат да ја следат онлајн, изјави Јовановиќ.

Како што информираше директорот, наставата се изведува под сите протоколи, а во училницата на оваа одделение биле поставени и паравани со што учениците се максимално безбедни.

– Во тоа одделение има поставено и паравани за учениците, тие се максимално безбедни и немаме отстапки од протоколот, тоа го нема забележано и инспекторот, меѓутоа еве еден апел до родителите, наставници и сите други општествени чинители, крајно време е да се вразумиме, учениците не се 24/7 во училиштата да внимаваме каде ги носиме нашите најмили, да внимаваме каде се движиме, да ги почитуваме мерките, бидејќи тоа невнимание може да одведе и цело училиште, а не само едно одделение во изолација, изјави Јовановиќ.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат веќе го посетил училиштето и утврдил дека протоколот се спроведува максимално. Се врши дезинфекција, се носат маски и се почитува физичката дистанца.

Јовановиќ апелираше родителите и наставниците да водат грижа и по завршување на наставата.

– Јас немам увид по завршување на наставата каде ќе се движат наставниците и родителите, тоа си е приватен живот меѓутоа опасноста демне и надвор од училиштето, додаде тој.

Loading...

Ученикот кој е позитивен, како што додаде тој, има благи симптоми, се чувствува добро, но целото одделение и наставникот превентивно мораат од денеска да заминат во изолација.

Никола Ивановски

Leave a Reply