Во Индонезија пожари по ерупција на вулкан

Сподели со своите пријатели

Ерупцијата на вулкан предизвика пожар што зафати шума на островот Лембата во источна Индонезија, објави денеска агенцијата за справување со катастрофи во Индонезија.

Loading...

Според агенцијата за вулканологија, вулканот Левотло еруптирал во четвртокот и фрлил пепел околу 800 метри на небото, пишува германската агенција ДПА.

Обидите да се изгасне пожарот што ги зафати падините на вулканот беа неуспешни, изјави Абдул Мухари, портпарол на Националната агенција за справување со катастрофи во Индонезија.

„Огништата во областите до кои е тешко пристапен се опасни, а противпожарната опрема не е соодветна“, рече Мухари.

Во април, десетици луѓе кои живееја во близина на вулканот загинаа откако тропскиот циклон Сероја предизвика лавина од вулкански материјал што ги закопа нивните села.

Индонезија се наоѓа на таканаречениот Пацифички огнен прстен, област позната по земјотресите и 128 активни вулкани.

Leave a Reply