Во голем пожар на југот на Шпанија, евакуирани околу 2.000 луѓе

Сподели со своите пријатели

Околу 2.000 луѓе се евакуирани синоќа поради силниот пожар во областа Малага на југот на Шпанија, каде во пожарите во септември минатата година веќе се уништени 10.000 хектари шума.

Loading...

Пожарот избувна во средата попладне во планините Сиера Берме во Андалузија. Регионот го зафати силен топлотен бран, со очекувани температури над 40 Целзиусови степени.

Според властите во Андалузија, речиси 500 пожарникари и припадници на воената единица за итни случаи учествуваат во гаснењето на пожарот, кој е опишан како силен и комплициран, поради ветрот и тешкиот терен.

Според спасувачките служби, поради пожарот се евакуирани 2.000 луѓе, повредени се тројца пожарникари, од кои еден со тешки изгореници е пренесен во болница во Малага.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

Шпанскиот премиер Педро Санчез на Твитер напиша дека ноќта била тешка во тоа подрачје и изразил поддршка и солидарност со настраданото население.

Областа Сиера Бермех веќе беше зафатена од силен пожар минатиот септември. Пожарот уништи речиси 10.000 хектари шума, а едно лице загина – пожарникар (40).