Во Германија се зголемува ризикот од рецесија

Сподели со своите пријатели

Германската економија забележа пад од 0,2 отсто на крајот на минатата година, објави германскиот завод за статистика, а пренесува Танјуг на Блумберг.

Loading...

Американската агенција наведува дека ова е полош резултат од очекуваниот и дека наглиот пораст на инфлацијата ја оптоварил потрошувачката на германските домаќинства, како и дека имајќи ги предвид зголемените сметки за енергија, рецесија се чини сè поверојатна.

Податоците што ги објави германскиот институт се во спротивност со проценката претставена на почетокот на месецов, јави Танјуг, пишува Блумберг, кој додава дека тоа значи и дека економската контракција до март сепак може да биде причина за рецесија во најголемата економија во еврозоната.

Расте довербата во Германија

Неколку показатели во последните недели укажуваат на зголемена доверба во Германија по благата зима и добро снабдените складишта за природен гас, што го елиминираше ризикот од недостиг за време на грејната сезона.

Цените на суровините на големо, по период на рекорден раст, почнаа да паѓаат, што дава надеж дека инфлацијата ќе се намали порано од очекуваното.

Сепак, побарувачката е помала, а овој тренд е забележан и во Шведска, чија економија е неочекувано на пониско ниво во четвртиот квартал, додава Блумберг.

Според американската агенција, Белгија успеала да оствари раст од 0,1 отсто, а Литванија дури 0,3 отсто, додека економската доверба во еврозоната продолжува да расте во јануари, искачувајќи се на највисоко ниво од јуни.

Сепак, во германскиот производствен сектор, нарачките паѓаат и покрај големите залихи и олабавувањето на „тесните грла“ во синџирот на снабдување.

Loading...

Инфлацијата може да продолжи

Владата во Берлин минатата недела прогнозираше раст од 0,2 отсто за 2023 година, во споредба со претходната прогноза за намалување од 0,4 отсто.

Министерот за економија Роберт Хабек сепак предупредува на можна рецесија, бидејќи, како што рече, кризата предизвикана од руската инвазија на Украина не е завршена.

Изгледите остануваат неизвесни, бидејќи инфлацијата може да продолжи, поттикната од зголемените барања за повисоки плати.

Поштенските работници штрајкуваа барајќи зголемување на платите за 15 отсто, додека вработените во јавниот сектор бараат двоцифрено зголемување.

Европската централна банка (ЕЦБ) е решена да се справи со растечките цени со рестриктивна монетарна политика. Планирано е да се зголемат каматните стапки оваа недела за уште 50 базични поени, што е уште една мерка како дел од агресивната политика на заострување, прва забележана во историјата на ЕЦБ.

Целосното влијание на овие мерки допрва треба да се почувствува.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.