Во Германија наскоро ќе има поголема слобода при изборот на презимето на идните сопружници

Сподели со своите пријатели

Во иднина, сопружниците во Германија треба да имаат поголема слобода при изборот на презимето по бракот. Истото важи и за децата.

Loading...

„Сегашниот закон е премногу строг, особено кога станува збор за двојнi презимиња“, вели министерот за правда Марко Бушман од германската Либерално-демократска партија (ФДП).

Тој смета дека е „крајно време“ да им се дозволи на сопружниците „да ја изразат својата поврзаност со преземањето на презимето на партнерот“.

Според предлог-законот, во иднина би можело и двајцата сопружници да го преземат презимето на партнерот – досега тоа беше можно само за еден.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

Во иднина и двајцата сопружници би можеле да имаат исто, двојно презиме со цртичка помеѓу.

Двојно презиме и за деца

Покрај тоа, на децата може да им се пренесе двојно презиме, што исто така досега не беше можно.

Новиот закон, исто така, ќе им овозможи на децата да го менуваат своето презиме во случај на развод на нивните родители и во случај еден од родителите да го врати нивното родено презиме.

„Денес е сосема нормална ситуација родителите да го вратат презимето што го имале пред свадбата, а во таква ситуација детето би можело да го преземе и тоа претходно презиме“, вели Бушман.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Застарено семејно право

Политичарот на ФДП објаснува дека владејачките партии (СПД, Зелени и ФДП) во нивниот коалициски договор предвидуваат измени на многу застарени закони, но, како што вели, постигнат е договор дека приоритет има промената на законот во врска со презимето.

Таа тема, најави, наскоро би можела да влезе во собраниска процедура.

„Разновидноста на семејниот живот се зголемува во последните децении. Германскиот закон за семејство ја достигнува новата реалност, рече германскиот министер за правда. Како дел од тие измени ќе се менуваат и законот за правата на децата, како и законот за издршка.