Во Европа се шири и подваријанта на омикрон

Сподели со своите пријатели

Додека целиот свет се „дави“ во омикрон, на северот на Европа веќе забрзано се шири подваријантата омикрон, која е утврдена и во Австрија.

Loading...

Подваријантата „БА.2“ ги зафати Норвешка, Шведска и Велика Британија, а во Данска го потисна основниот вид „БА.1“ и стана доминантен.

Засега не се знае многу за подваријантата на сојот омикрон, изјави генетичарот Урлих Елинг за австриската агенција АПА.

Тој наведува дека мутацијата на соевите покажува дека само широко заснован имунолошки одговор може да доведе до ендемии.

Со систематска анализа на отпадните води „БА.2“ е утвден и во Австрија.

„BA.2“ се разликува од основниот омикрон во 18 мутации на шилести протеини.

Се претпоставува дека новата подваријанта би можела уште подобро да го „пробие“ имунитетот стекнат со претходно прележаната болест или вакцина.

Појавата и ширењето на подваријантата може да доведе до двоен удар, но, вели австриски генетичар, оние кои веќе се заразиле со омикрон не треба да се заразат со варијантата „БА.2“.

Loading...