Во Египет исчезна руски патнички авион со 224 патници

Сподели со своите пријатели

Патничкиот авион Ербас A320, летот 7K9268 од компанијата Kolavia, исчезнал од египетските радари само 23 минути по полетување од египетскиот аеродром, во Шарм Ел Шеик. Воздушната контрола очекувала контакт од авионот по полетување, што никогаш не бил остварен.

Loading...

Како што пренесуваат дел од медиумите египетските власти изјавиле дека авионот не го напуштил нивното воздушно подрачје, но од друга страна се тврди дека сигнал од авионот пристигнал до турските радари. Засега нема официјални информации за загинати и преживеани, сите паници и членови на екипажот се сметаат за исчезнати, а информацијата дека авионот се урнал ја пренесуваат медиумите по изјавата на египетските власти.

Инаку авионот бил полн со руски туристи кои патувале од египетско одморалиште до Санкт Петерсбург, пренесува RIA Novosti. Веднаш е формирана комисија за истражување на случајот, а наскоро ќе бидат соопштени подетални информации.