Во едно деноноќие – три поединечни пожари во Куманово

Сподели со своите пријатели

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи, ТППЕ Куманово  во текот на изминатиот ден бележи  три интервенци, и тоа во 20,25 часот на ул. Михајло Пупин, каде четворица пожарникари со едно протипожарно возило гаснеле опожарена сува трева.

Loading...

ТППЕ Куманово не поседува информации за настанатата материјална штета.

Втората интервенција на ТППЕ Куманово истотака е регистрирана во с. Шупли Камен каде е гасната опожарена сува трева со 1 возило и петмина пожарникари.

Пожарот е локализиран и завршен во 15,15 часот – без добиени информации за изгорената површина.

Истиот ден,   во 16.00 часот на ул. 27 Март  Куманово била пријавена  запалена куќа каде ТППЕ Куманово интервенирале со две противпожарни возила и шестмина пожарникари.

Во пожарот според РЦУК е изгорена кровната конструкција на куќата и две соби.