Во едно деноноќие: Два пожари во Куманово предизвикани од несовесни граѓани

Сподели со своите пријатели

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи, екипата на ТППЕ Куманово во  населба Добрашане во текот на изминатото деноноќие интервенирале на опожарена сува трева во близина на гробиштата со површина околу 0,1 ха.

Loading...

Дежурната служба интервенираше со една екипа (1 ПП возило и 4 пожарникари) со повик регистриран во 12,30 часот.

Пожарот е локализиран и завршен во 13,30 часот. Нема причинето материјална штета а причина за пожарот како што наведува РЦУК е човечки фактор.

Втората интервенција е регистрирана на опожарено стрниште во 14,20 часот во атарот на с. Ваксинце со површина околу 0,15 ха. Интервенирано е со 1 ПП возило и 4 пожарникари. Пожарот е локализиран и завршен во15,15 часот без причинета материјална штета.

Причина за пожарот е повторно човечки фактор, се вели во дневниот извештај на РЦУК.